Тие се ѕвездите на британското кралско семејство и светот на поп музиката.
Денот кога Војвотката Кејт ја запозна кралицата Бијонсе- Кралската двојка се сретнаа со Џеј-Зи и Бијонсе на кошаркатскиот натпревар ва Бруклин Нетс.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон пристигнаа во Њујорк. Тоа е во едно прва официјална посета на кралска двојка, а во три дена ќе се сретнат со претседателот Обама во посета во Белата куќа во Вашингтон. Но, покрај официјалната посета нашле време за малку забава.
Бремената Кејт и нејзиниот сопруг одлучиле да го следат кошаркарскиот натпревар на Бруклин Нетс кои играле против Кливленд Кавалиерс, а таму се сретнале со кралскиот пар на поп-музиката.
Сите присутни сакале да имаат фотографија на која Кејт и Вилијам се во друштво на Бијонсе и Џеј-Зи. Обожавателите низ целиот свет се прашуваат за што зборувале кралската двојка и кралицата Бијонсе и Џеј-Зи?
По краткиот разговор, секој пар отишол на својата страна на теренот. Кралската двојка седела покрај кошаркарската легенда Дикемб Мотомбо со кој споделиле и пуканки.