Се чини дека во последно време поранешните девојки на Џорџ Клуни им оди подобро од него.
Прво Стејси се омажи, а сега уште една поранешна девојка е видена со нов маж. Станува збор за Моника Јакишиќ, манекенка со хрватско потекло, која некогаш била во врска со познатиот актер, а сега е уловена како го бакнува принцот Ендрју.
Двојката била на романтична вечера во Лондон, а пристигнале одвоено.
„Делуваше дека се на романтична вечера“, рекол извор за Us Weekly. 33- годишната хрватска манекенка и принцот се задржале 3 часа на вечерата, а Моника внимателно се подготвила за својот нов дечко.
„Излегоа заедно смеејќи се додека тој и го придржувал палтото. Разговараа, а потоа тој ја бакна на образот. Се насмеала и се чинело дека се срами. Ја гледал додека заминувала со насмевка на лицето“, рекол изворот.
Принцот Ендрју, третото дете на кралицата Елизабета, се развел од Сара Фергусон во 1996 година по 10 години брак.