Храбра Австралијанка го направи незамисливото- го запроси принцот, ја доби неговата непроценлива реакција и момент кој ќе го памети до крајот на животот.
Принцот Хари моментално се наоѓа во Австралија каде е на едномесечна воена обука. Покрај своите воени обрски, Хари повремено се дружи со граѓаните, па вчера се дружеше со собраните граѓани пред позната Опера во Сиднеј.
Секој од насобраната толпа се надеваше на „свој“, краток момент со Хари, но една девојка доби многу повеќе од тоа, пренесува Daily Mail.
Викторија Мекрае, 21-годишна Австралијанка, со својот потег се најде во центарот на вниманието на светските медиуми. Русикосата девојка како вистинска принцеза имаше круна на главата и во рацете држеше голем напис на кој пишува „Ожени се со мене Хари- последна шанса!“. Кога принцот Хари конечно дојде до неа, направи нешто на кој никој не се надеваше.
Го прочита нејзиниот натпис во кој го запросува, се насмеал и рече дека „мора да размисли за тоа“, а таа за возврат побарала бакнеж- кој и го добила!
„Требаше да се бакнеме во образ, но во тој момент си помислив дека одам на сè или ништо“, рекла Викторија која принцот го бакна во уста. Сега таа може да се пофали со вистински бакнеж со вистински принц.