Принцот Хари вчера беше дел од драматичен судир на мотор и такси во брзо возење.
Принцовата полициска придружба на мотор се судрило во такси, додека во Ренџ Ровер го пренесувале принцот на „Invictus Games“ настанот на кој требало да оддржи говор.
Принцот Хари со раце се фатил за глава и гледал што се случува додека набрзина го одвеле од местото на несреќата.
Додека автомобилот со Хари се движел кон својата дестинација, еден од полициската придружба на мотор, се судрил во такси кое доаѓало од спротивната насока.
Хари инсистирал автомобилот да го застанат за да види што точно се случило, но од безбедносни причини тоа не било можно. Се сомневале дека се работи за терористички напад и принцот веднаш бил однесен од местото на несреќата.
Полицаецот кој удрил во таксито одлетал десет метри од местото на несреќата а возачот на таксито морале да го вадат пожарникари од остатоците на возилото.
Принцот не е повреден а таксистот и полицаецот се наоѓаат во болница на опоравување. Полицијата Метрополитан ги утврдува околностите на несреќата за да се утврдат дали се работи за намерен инцидент.