Кејт Мидлтон треба да се појавува насекаде во беспрекорен изглед.
Војвотката е позната по својот добар вкус и елеганција, а благодарение на нејзината перфектна фигура, сè и прилега одлично.
Погледнете 10 од најубавите фустани, со кои што таа се појави пред очите на светот:
1. Свадбениот фустан – 400 000 долари
Фустанот чини богатство. Дизајнер е Alexander McQueen. Истиот е инспириран од познатата венчаница на Грејс Кели.
2. Фустанот, со кој се појави на Sun Military Awards – 7 049 долари
Уште една креација на Alexander McQueen. Војвотката ја комбинира со торба на Jaime Mascaro.
3. На отворањето на Олимпијадата – 5 178 долари
Вилијам и Кејт, се разбира, беа поканети на отворањето на Олимпијадата во Лондон. Таа се појави со прекрасен син фустан на Jenny Packham. Носеше и сандали на Jimmy Choo.
4 БАФТА – 4 686 долари
Кејт блескаше во бел фустан на Alexander McQueen, комбиниран со чевли на Jimmy Choo.
5. На јубилејот на кралицата – 3 570 долари
Тука таа одбра светло црвен, повторно на Alexander McQueen. Чевлите и беа на LK Bennett, а шапката на Sylvia Fletcher.