Кралското семејство објави фотографии од малиот принц кој позирал во дворот на палатата за претстојните празници…
17-месечниот син на војвотката Кејт Мидлтон и принц Вилијам, принцот Џорџ, позирал во дворот на Кенсингрон палатата за божиќна честитка која кралското семејство ќе ја испрати до медиумите за да се заблагодари што го почитувале нивното барање за чување на приватноста на нивниот син.
На фотографиите малиот Џорџ со румени образи позира во џемпер кој прикажува дека го чува неговата баба, кралицата Елизабета. Вилијам и Кејт сакаат со фотографии да ги одбележат најважните моменти од животот на нивниот син, кој е трет во редот за престолот.
Ова е и последниот Божиќ кој принцот Џорџ ќе го прослави како еднинствено дете на кралската двојка, со оглед на тоа дека наскоро ќе добие сестра.