Принцот Хари им рекол на пријателите дека Кејт и Вилијам очекуваат син, јавуваат британските медиуми. Тој бил толку среќен што ќе стане чичко и не можел да ја чува тајната за себе.
Кралската двојка сѐ уште не дала официјална изјава за полот на детето кое треба да дојде на свет во јули.
„Хари на сите им зборува дека Вилс и Кејт чекаат момче и колку е одушевен што ќе добие внук. Мислам дека веќе го одбрале и името“, рекол извор близок на принцот Хари.
Според наводите на друг инсајдер од дворецот и принцезата Јуџен, роднина на Вилијам, им зборува на пријателите дека Кејт ќе роди син.
„Потесниот круг и семејството знаат дека ќе биде машко и сега сите купуваат подароци за машко. Нивниот дом ќе биде преплавен со сина боја“.
Иако ниту Кејт ниту Вилијам не сакаат да го откријат полот на детето, Кејт во март случајно навести дека станува збор за девојче, а неколку дена подоцна изјави дека купила количка во светло сина боја.