Прикзна за минатото, сегашноста и иднината – Кој е во право?

Тројца мудреци започнале спор на темата што е најважно за човекот – неговото минато, сегашноста или иднината.

– Минатото не прави она што сме, рекол едниот. – Еве, јас сум добар човек поради она што сум го научил во минатото. Верувам во себе, зашто сум се справувал со делата кои сум ги правел. Се чувствувам добро со луѓето со кои во минатото ми било добро, или барем со луѓе кои личат на нив. Минатото ме научило дури и на тоа дека сега, кога ги гледам вашите насмевки, знам дека ќе имате приговори, бидејќи не еднаш сме спореле и јас сум свесен дека не сте навикнати да се согласувате со што и да е без приговор.

– Невозможно е да се согласам со тебе, рекол другиот – Ако беше во право, човекот би бил осуден како пајакот да е окован ден по ден во пајажината на своите навики. Иднината е она што го прави човекот. Мојата идеја за тоа каков сакам да бидам по две години зависи не од тоа каков сум бил, туку каков сакам да станам. Ми се допаѓаат луѓето кои не личат на оние кои сум ги познавал порано. А разговорот со вас ми е интересен, бидејќи очекувам грчевита битка и неочекувани пресврти на мислата.

– Вие сосема заборавивте дека минатото и иднината постојат само во нашите мисли – интервенирал третиот. – Минатото веќе го нема. Иднината уште не постои. И без оглед на тоа дали се сеќавате за минатото или сонувате за иднината, дејствувате сега. Само во сегашноста можеме да промениме нешто во животот – ниту минатото ниту иднината ни го умеат тоа. Само во сегашноста можеме да бидеме среќни, бидејќи сеќавањата за среќата во минатото не прави тажни, а очекувањето на идната среќа нè тера да живееме во нервозно исчекување.

Според вас, кој најмногу поентира при овој разговор?

 

- Реклама -