Пригответе домашен ликер од ореви – Ореовка

Производството на ракија во домашни услови е традиција во Македонија, а исто така и правењето на ликери од неа. За многумина најубав е оној со ореви, специјалитет кој само старите мајстори знаат како да го приготват. За љубителите на „ореовка“, денес го откриваме рецептот:

Состојки:

– 40 оревчиња
– 300 г. кафеав шеќер
– 1 литар домашна ракија

3700603_orig

Подготовка:

1. Младите оревчиња избоцкајте ги со чепкалка за заби на 2-3 места.
2. Ставете ги во голема стаклена тегла, каде ќе го додадете и шеќерот.
3. Затворете ја теглата и оставете ја на сонце 40 дена.
4. Потоа во теглата додајте ја ракијата и размешајте да се стопи шеќерот.
5. Процедете и ликерот складирајте го во стаклени шишиња.
6. Се пие по потреба, а се препорачува на луѓе кои имаат проблем со тироидеата бидејќи ликерот е богат со јод.

- Реклама -