Причини зошто треба да читаме книги

Од сите страни сме опкружени со монитори, ,така што глобално и не е чудно што сме заборавиле какво е чувството да држиме книга во рацете и сосема да потонеме во неа.

Оние кои најмногу читаат се во просек учениците и студентите, веројатно затоа што имаат најмногу време за прекрасната навика.

Една неодамнешна студија потврди дека читањето ја зголемува нашата способност да „читаме мисли“, односно да се спознаат чувствата и емоциите кај соговорникот.

Нормално има и многу други причини зошто треба да најдете време во денот, издвојуваме дел од нив.

Reading-Books

Читањето може да ве опушти и смири

Истражување на Миндлабе универзитетот покажа дека читањето е најдобар начин да се преживее стресот, дури и повеќе од слушање музика, опуштање со кафе или прошетка.

Помага умот да ви остане „бистар“

Сето време кое сте го поминале читајќи на книги ќе ви помогне вашиот мозок да остане бистар кога ќе влезете во подоцнежните години. Студијата следела 294 луѓе кои навлегле во 89 тата година од животот. Оние кои читале немале проблем (или само мал) со меморија, за разлика од останатите.

Дури може да спречи Алцхајмерова болес

Според текст од списанието Proceedings, возрасните кои се занимаваат со читање имаат помали шанси да добијат Алцхајмерова болест. Сепак, овој податок не треба да се зема здраво за готово, но никакво зло од тоа „да се ризикува“.

woman-reading-book-outside

Читање за подобар сон

Бројни експерти за спиење го препорачуваат читањето како  анти-стрес рутина пред спиење која го смирува телото. Силната светлина од мониторот му дава на мозокот сигнал дека треба да се разбуди, додека добрата книга идеално го смирува.

Поголема емпатија

При читање често се случува да се внесеме во книгата, до толку што имаме чувство дека сме внатре во приказната и се соживуваме со ликовите. Експериментални студии покажале голем порааст на емпатија кај испитанниците кои читале книги, особено фантазија.

 

- Реклама -