„Преживеав мозочно крварење, учев да одам и да зборам!“

Шерон Стоун се отворила во едно интервју и раскажала како морала од ново да учи да оди, да зборува, да се сеќава…
Актерката Шерон Стоун во 2001 година доживеала толку силна болка што помислила дека е застрелана во глава.

Во емисијата кај Опра Винфри „Opra’s Master Class“ споделила некои од страшните детали од искуството со работ до смртта, пишуваат странските медиуми.

„Ја повикав мајка ми и ѝ реков: мамо, јас сим во итна служба, имам излив во мозокот. Стоун вели анеуризмата во мозокот влијаела на се, била опкружена од темнина но ѝ дале можност животот да го види сосема поинаку. „Морав да учам да одам, да слушам, да зборувам, да се сеќавам, се од почеток.“

Години подоцна, нејзиниот живот се чинело дека се распаѓа. Во 2004 година Шерон и нејзиниот сопруг Фил Бронстин се разделиле, а во 2008 година Фил и добил апсолутно старателство над нивниот син.

„Постоеше дек од мене кој чувствуваше дека се сум изгубила. Мојата кариера беше речиси згасната, моето семејство исто така, се разведов, ми го одземаа детето и голем дел од мојот идентитет.“

„Да се изгуби се е како смрт. Но тоа не е налошата работа, смртта не е најлошото. Се стана побогато за време на ова искуство. Се стана подобро за мене, поради ова искуство.“
„Беше како нов почеток. Секоја смрт е ново раѓање.“


Шерон Стоне – „Преживеав мозочко крварење, учев… by 365commk

- Реклама -