Презентација на проектот „Креативен Викенд“

Во понеделник (29 април), со почеток во 21 часот, во Менада, ќе се одржи презентација на проектот “Креативен викенд” кој се одржува во селото Лазарополе. На презентацијата ќе бидат претставени изведбите на дел од креативните викенди и некој од оние кој следуваат во претстојниот период, со цел пошироката културна јавност да се запознае со овој проект и со неговите резултати. По презентациите ќе се изведат и некој од резултатите на дел од работилниците преку читање поезија, звучна ипровизациска сесија и слично, во зависност од потребите и можностите на соодветната работилница.

Lazaropole_Panorama_1_560

Креативен викенд е серијал работилници кој е наменет за локални артист и млади кој се заинтересирани за уметноста, креативци или уметници, поети или книжевници, звучни уметници или уживатели на визуелното, дизајнери или цртачи, скулптори или вљубеници во изведувачките уметности, теоретичари или едноставно консументи на креативните резултати, деца и повозрасни, а работилпниците се однесуваат за различни аспекти од уметностите. Работилниците се состојат од работни сесии кој вклучуваат краток вовед преку кратки предавања, презентации, дискусии и работни задачи, со кој учесниците ќе имаат можност прво теоретски да се запознаат со проблематиката и начинот на работа, а потоа и преку практична работа, каде преку поединечни и групни настапи и сесии на отворен простор и во природа, низ текот на оваа работилница и практично ќе се запознаат со концептот на секоја работилница одделно.

Работилниците се одржуваат во планинското село Лазарополе, на 1350 метри надморска височина, а се случуваат во текот на еден викенд во месецот, секој месец во годината.

KV prezentacija

- Реклама -