Претворете ја кујната во џиновски аквариум

Овој неверојатен кујнски остров го дизајнираше холандскиот дизајнер Роберт Коленик. Со ваква кујна постојано ќе имате чувство дека се наоѓате во луксузен ресторан.

Позната како „Ocean Kitchen“, оваа аквариум кујна додава живот на современиот стил.

Раскошниот дизајн е направен од високо квалитетен акрил и природни минерали под назив Кориан. Кујнскиот остров во облик на аквариум носи убавина во вашиот ентериер, но тој исто така пружа таен складишен простор кој овозможува да ги скриете сите ваши кујнски апарати и неопходни работи.

Кујнскиот остров со необичен дизајн е парче мебел кое може да издржи абење, а како мултифункционален декор е доволна причина да го посакаме во својот дом.

Ocean-Kitchen-by-Robert (1) Ocean-Kitchen-by-Robert-Kol ocean-kitchen-05

- Реклама -