Социјалната коментаторка и холивудската актерка ги „вкрстија мечовите“ околу аферата на актерката со оженет човек…
Кристен Стјуарт дефинитивно нема да купи примерок од новата книга на Џоан Риверс „Diary of a Mad Diva“.
Како што соопштува Huffington Post, Стјуарт дури планира и да ја тужи социјалната коментаторка поради дел од книгата во која ја исмејува нејзината врска со режисерот Руперт Сандерс.
Риверс за актерката напишала: „Многу ѕвезди знаат добро да работат само една работа. Далеку најдобра во тоа е Кристен Стјуарт која ја изгради целата кариера жонглирајќи со топките на режисерите“.
Риберс за TMZ открила дека добила тужба поради навредливите зборови, но и објаснува дека воопшто не ѝ е страв одењето во судница со младата актерка.
„Очигледно не го прочитала делот каде пишува дека е хумористична книга. Едвај чекаме да се видиме во суд, ќе ја праша со кукли да ми покаже, што мисли каде сум рекла дека го допира режисерот“, искоментирала Риверс.
„Ако го сфаќа сериозно тоа што сум го напишала, таа е будала. Треба да ѝ биде мило не се презива Кардашиан, тие ги има многу повеќе“, додала таа.