Пресметајте кој сте по ред жител на земјава

Најновата апликација која се најде на интернет, ни овозможува прецизно да пресметаме кој е нашиот реден број на планетава Земја во целата историја на човештвото (барем колку што ја познаваме).

Двете бројки се добиваат врз основа на податоците за светската популација од ОН. Првиот број е точниот број на луѓе кои биле живи во моментот кога сте се родиле. Сепак, бројката пред 1950 година, не е прецизно дефинирана поради недостаток на точна статистика.

Втората бројка е онаа која покажува колку луѓе живееле пред нас, и се пресметува со методот на Карл Хауб.

Значи доколку сакате да знаете кој е вашиот реден број на жителство на планетава Земја кликнете овде и внесете го вашиот број на раѓање.

Покрај тоа што ќе го добиете редниот број, имате опција и да добиете демогравски карактеристики и прогнози за вашиот регион во кој живеете, доколку ги внесете и другите информации кои се потребни за тоа!

- Реклама -