На натпреварот меѓу Барселона и Валенсија главни ѕвезди не биле фудбалерите.
Милан и Саша, синовите на пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике, ја собраа сета слава.
Атрактивната колумбијска пејачка Шакира на последниот натпревар на Барселона, на кој играше нејзиниот сопруг, прославениот шпански фудбалер Пике, ги донела најсимпатичните навивачи. 38-годишната Шакира од трибините на сопругот му давала поддршка во друштво на нивните два сина. 2-годишниот Милан и 2-месечниот Саша.
Момчињата биле облечени во сино-црвени дресови од клубот за кој игра нивниот татко и се чини дека сите заедно уживале во натпреварот. Пике беше многу горд на поддршката која ја имал од трибините и не ја криеше насмевката од лицето. Шакира, освен за децата, се погрижила да му посака на сопругот среќа со страсен бакнеж.
Се чини дека двојката навистина ужива во деновите на најголемата семејната среќа.