National Geographic ги круниса победниците на нивната престижна годишна награда од натпреварот за најдобра фотографија. Впечатливата и пленувачката слика од поларна мечка како ѕирка под мразот што се топи го завзеде првото место и главната награда.
Како дел од четири-неделниот натпревар, кој беше завршен на 30-ти Ноември, професионалните фотографи и аматери од над 150 земји презентирале над 7000 различни записи во три категории: луѓе, места и природа.
Натпреварот беше проценуван на креативноста и фотографкиот квалитет од панел на експерти, меѓу кои главниот фото-уредник на списанието за National Geographic, Сузан Велчмен и документарниот фотограф Стефани Синклер и Ед Каши, кои беа задолжени за изборот на победниците.
Првата награда беше доделена на Пол Соудерс, кој фатил поглед од поларна мечка во Манитоба, Канада, и ќе биде награден 10 000 долари и патување во седиштето на National Geographic во Вашингтон, за да земе учество во годинешниот семинар за фотографија наредниот месец.
Победничката фотографија, исто така ќе биде објавена во магазинот National Geographic.
Над 125-годишна историја, магазинот е дестинација за високо-квалитетни фотографии кои го илустрираат животот околу планетата.