Замокот Маркесак се наоѓа во градот Везак, во областа Дордоња, Франција. Прекрасната градба е изградена во 17 век и е најмногу позната по нејзините неверојатни и необично обликувани градини.
Бертран Вернет Де Маркесак, кој бил советник на Луј XIV го изградил замокот. Сепак, познатите паркови биле изградени од страна на Џулиен Де Кервел во 1860 година. Патеката за пешачење низ парковите изнесува 5 километри, а за неповторливите пејсажи кои ги нуду ова место сведочат и фотографиите подолу.