„Финка БелаВиста“ претставува комплекс од најголемите и најубавите куќарки на дрво во светот. Се простира на површина од 600 хектари земјиште во планините на Јужниот Пацифик покрај крајбрежјето на Коста Рика. Ова живеалиште е замисла и сопственост на Матео и Ерика Хоган, венчана двојка од Колорадо кои се запознале токму овде. Денес, на оваа површина се изградени дури седум куќарки на дрво, како и кабини кои се достапни за изнајмување. Освен автентичното уредување, посетителите во околината ќе наидат на недопрена природа, високи дрвја, водопади, природни базени, и забавни активности за оние поекстремните.