Популарната турска актерка Мерјем Узерли повторно ќе се врати во серијата „Величествениот“, во последната сезона.
Имено, актерката ја напушти серијата во третата сезона и без збор замина во Германија на лечење од депресија, а притоа откри дека била и бремена, а наеодамна роди ќеркичка.
На нејзино место се појави актерката Вахиде Гордум, во улогата на Хурем, која колку и да се труди не може да ја замени прекрасната Мерјем на која се навикна публиката.
Меѓутоа, добрата вест е тоа што Мерјем се договорила со продукцијата да глуми во нивната најнова серија, но и да се врати во последната епизода на Величествениот.
Извор од продукцијата открива дека последната епизода ќе биде многу емотивна, а во последните сцени за смртта и љубовта меѓу Хурем и Сулејман ќе се појави таа, нашата Meрјем, телевизиската миленичка на Сулејман и на сиот Балкан, каде се прикажува оваа серија.