Прекрасна опасност: За овој неверојатен феномен е виновен само еден организам

Магичните фотографии од сината боја на морето на брегот на Хонгконг за кратко време го заобиколија светот и ги воодушевија љубителите на добра фотографија. Сепак, нивната заднина е загрижувачка, со оглед на тоа што станува збор за опасни честички, предупредуваат научниците. Одсјајот кој се забележува на фотографиите всушност покажуваат дека во водата се наоѓа зголемена концентрација на организмите „Noctillus scintillan“, познати и под името „морска искра“.

Иако овие организми се налик на алги, сепак, тие се едноќелиски организми кои можат да функционираат и како животни и како билки.

564307_svetlece-more-hong-kong-03-foto-tanjug-ap_f

До ваквото цветање доаѓа заради хемиското загадување, и овој феномен може да биде кобен за животинските видови кои живеат во морето.

564308_svetlece-more-hong-kong-04-foto-tanjug-ap_f

Саманта Џој од Универзитетот во Џорџија, предупредува за штетната појава: „Фотографиите се навистина прекрасни. За жал, овој мистериозен син отсјај настанува како последица на големото загадување“.

564305_svetlece-more-hong-kong-02-foto-tanjug-ap_f

И други научници предупредуваат за штетните влијанија кои може да ги има овој феномен, кој се почесто се појавува на разни делови ширум светот.

- Реклама -