Меѓу нив има само две години разлика, а со оглед на тоа што познатите сестри и пораснале во семејството Кардашијан, не е ни чудо што се предвреме пораснати…
Деветнаесетгодишната Кендал Џенер веќе навлезе во манекенските води и моментално е една од најбараните млади модели. Затоа, токму таа се најде на новата насловна страна на магазинот GQ за кој позираше во секси пози.
Таа за магазинот зборува и за својата опсесија со „селфи“ слики и Инстаграм.
„Секоја девојка знае дека на едно „селфи“ што го објавуваш на Инстаграм, му претстојат уште стотина од нив кои ги сликаш претходно. Инстаграм е првото нешто кое го гледам кога ги отварам очите“, признала младата убавица. Кендал го покажа своето убаво лице и го откри своето фит тело, но нејзината помлада сестра не остана „покуса“.
Седумнаесетгодишната Кајли е на мета на јавноста бидејќи се облекува премногу секси за своите години, но таа не обрнува внимание на лошите коментари.
Кајли објави неколку секси „селфи“ пред концертот на фестивалот Коачела, што се одржува во Калифорнија.
За младата Кајли велат дека е вистинска наследничка на постарата сестра Ким Кардашијан.