Прочитајте ја статијата само ако сакате да знаете што ќе се случи во последната епизода на хит серијата „Вовед во анатомија“.
Американската серија за лекари и нивните деловни и приватни животи ги освои срцата на обожавателите ширум светот, но сега дојде и крајот на „Вовед во анатомија“. Барем ако се прашаат обожавателите.
По 11 сезона наградувана серија, омилениот доктор Дерек Шепард (кој го глуми актерот Патрик Демпси) починал како последница од сообраќајна несреќа.
Моментот кога неговата сопруга Мередит Греј (која ја глуми Елен Помпео) го исклучува од апаратите е еден од најемоционалните моменти снимени во ТВ серија, па не е ни чудна реакцијата на сите обожаватели кои тешко се помируваат со новата ситуација.
Иако сето тоа е само серија, многу обожаватели и емоционално се поврзаа со ликовите во текот на годините. Епизодата е веќе емитувана на американските телевизии, но веќе сите зборуваат за неа на социјалните мрежи.