Предупредени сте- за вознемирување, фотографирање, па дури и гледање, казната е 500 евра!

Се чини дека жителите на местото Лаглио на езерото Комо во Италија навистина се грижат за приватноста на своите славни соседи.
Ако по некоја случајност се најдете на езерото Комо, поточно во местото Лаглио и добиете неодолива желба да ја ѕирнете во една од вилите кои таму ги има познатиот пар Џорџ Клуни и Амал Аламудин, бидете подготвени да платите 500 евра за тој прекршок.

Screenshot_6

Без разлика дали користите автомобил или брод, на вилите на познатиот пар не смеете да им се приближите повеќе од 100 метри.

За работата да биде уште подобра, тоа не го измислиле ниту Џорџ ниту Амал, туку градоначалникот Роберто Пози кој многу се грижи познатиот пар да ја има својата приватност додека престојува во Италија.

Предупредувањето јасно е наведено на зградата на градската администрација. Забранет е пристап, фотографирање, вознемирување па дури и гледање на парот, нивните пријатели и семејство.

- Реклама -