Предлог серија: Луѓе (Humans)

Humans е телевизиска серија, која своите зачетоци ги доживеа минатиот месец.

Засега имавме можност да видиме само четири епизоди кои реално имаат основа за развој на одлична приказна.

Се работи за научно фантастичен жанр, со тоа што во центарот е сместена вештачката интелигенција. Ако помисливте „Не, уште една апокалиптична серија“, ве уверуваме дека не сте се сретнале до сега со овој аспект во ваквиот тип на надреални серијали.

Humans-e1435638752923-790x425

Имено, тука се опфатени почетоците од развојот на вештачката интелигенција и нивните односи со луѓето.  Синтовите, чие што име потекнува од „Synths“, односно „Synthetics“, што во буквален превод значи вештачки, се еден вид софистицирани роботи кои не само што изгледаат, туку и се однесуваат и зборуваат како луѓето. Како што и претпоставуваме дека би се случувало во реалноста, синтовите се во улога на „современи робови“, а луѓето во улога на робовладетели.

humans-cast-niska-800-620x374

Синтовите вршат голем дел од човековите обврски и секако тоа го прават до совршенство, на кое што може да се позавиди од човечки аспект. Сепак, голем број луѓе се сосема задоволни од нивната улога во општеството, па ги прифаќаат како пријатели.

Humans_071114_CH-0041

Од друга страна, се појавуваат и синтови кои (од се уште необјаснета причина) имаат свест. Група научници постојано се обидува да ги уништи и трага по нив, па претпоставуваме дека тука ќе започнат проблемите кои ќе се одразат на целиот систем, иако искрено се плашиме дека серијата може да отиде во непосакуван правец. Погледнете ги првите епизоди, па споделете го вашето мислење.

(6) ТВ серија: Луѓе (Humans)

Еве го и трејлерот…

- Реклама -