Предлог филм: I Origins (2014)

„Очите се огледало на душата“ – звучи како познато клише, но не и во филмот на Мајкл Кахил, I Origins, кој и дава една буквална димензија на оваа апстрактна мисла.

Верен на тематиката, Кахил овој пат не соочува со прашањето можно ли е, да сме обожаватели на науката и да бидеме верници во Бога истовремено?

Филмот се темели врз објаснувањето дека секое човечко суштество има неповторлива биометрика на очите, поради што повеќе култури и религии го разгледуваат овој дел од телото како прозорец кон душата на човекот, која исто така е уникатна и неповторлива.

200_s

200_s (1)

Филмот започнува со навлегување во животот на научникот д-р Иан Греј, кој буквално е опседнат од концептот за човечкото око – еден од биолошките елементи кои го прават уникатен секој еден од нас.

Прочитајте и:  12.000 долари за промена на бојата на очите - процедурата се попопуларна во САД

nauka

Д-р Иан Греј го разгледува човечкото око под лупа на микроскопот и се обидува со помош на својата асистентка да го открие принципот на визуелна сетивност и можноста да го создава…Се додека, уште на самиот почеток на филмот, не запознава едни очи кои засекогаш ќе му го променат животот.

download

I origins e интересен микс од духовност и научни достигнувања, што се испреплетуваат цело време додека се бара одговор на прашањето дали се компатибилни двете концепции за светот.

bae6d6d08f1effb5032e4999d624baff

Визијата на филмот ја освежуваат и кадрите од очи, што создаваат чувство на единствено космичко присуство кај секој еден од нас.

„Ако погледнете, можете да најдете еден неповторлив ѕвезден систем во очите на секој човек“.

- Реклама -