Предлог филм: Gone girl

Кинематографијата е особенa уметност што се случува некаде на границата меѓу измисленoто и реалното.
И едвај има поголема вештина од тоа филмот да е истовремено нереално убав и потресно вистински. Овој филм е таков. Таква е и книгата, според која што е направен истиот.
Приказната нема како да биде раскажана без да се открие барем дел од мистеријата, но пресвртот во заплетот е многу поразличен од оној во книгата.

Ејми и Ник Денг (Розамунд Пајк и Бен Афлек) се совршено семејство – млади, убави, мили соседи, таа е прекрасна и образована, тој има бар во центарот на градот, нивната куќа е огромна и идеално средена, а нивната љубов е неверојатна. Има една важен детал: Ејми Денг всушност не е само анонимна домаќинка од Мисури, таа е поранешно дете-чудо, а нејзиното име и лик се познати како серија детски книги,  низ целиот свет. Ејми е човек кој го претвора идеалот во слика.

download

Еден ден таа исчезнува и целиот живот на семејството Денг станува јавен. Секој новинар, полицаец (и гледач) се стреми да ја реши мистеријата и да утврди кој е добриот и кој е лошиот. Зашто во животот никој не е само добар или само лош, но медиумите секогаш категорично се обидуваат да одредат кој е жртвата, а кој заслужува клада.

Така во историјата на семејството Денг лошиот излегува Ник. Поаѓајќи од сите модели, клишеа, дефиниции за правилно и погрешно, решаваме дека лошиот е Ник. А дали всушност е така …
Тоа не е толку важно. Важно е дека секој од нас живее во такви модели. Дека секој ден животот ни е изложен, дека во социјалните мрежи, статуси  постојано покажуваме кои сме, што сакаме и што мислиме за правилно.

gone-girl-01_1485x612

Постојат многу други гледни точки, од кои може да биде виден овој филм. За значењето на љубовта и семејството, за вината и простување, за минатото и иднината … Но, тоа зависи од гледачот. Најважно е што Дејвид Финчер нуди кино од највисока класа – совршено снимено и поставува многу прашања.

Не го пропуштајте.

IMDB

- Реклама -