Предлог филм: Disconnect (2012)

Денешната филмска препорака се однесува на драма во која што има неколку централни ликови.

Со успешниот концепт на неколку различни приказни во обид да доловат една заедничка целина или поента, како Магнолија, 21 грам, 13 разговори за една работа ( сите споменати се одлични филмови), така и Disconnect започнува со воведување во животите на неколку различни семејства и карактери.

DISCONNECT1-articleLarge 629001_007

Што ги поврзува сите нив?

Сите тие се робови на 21-от век и модерната технологија.

Тие бараат човечка конеција во денешниот чуден свет.

Неколку испреплетени настани ќе ги поттикнат да разберат или променат нешто, но дали ќе успеат?

Уживајте во филмот во режија на  Henry Alex Rubin.

Во продолжение, еве го и трејлерот.

Детали

- Реклама -