Денешната филмска приказна се наоѓа некаде помеѓу романсата, драмата и комедијата, во режија на Мајк Милс.
Главен лик е Оливер (Јуан Мекгрегор) кој има триесет и осум години и никогаш не бил вистински вљубен. Впрочем, тој е трагач по она што го нарекува искрена љубов, неразумна среќа, великодушност кон другиот и великодушност кон светот. Љубов, која што одговара на овој опис, доживува неговиот татко, кој е на прагот на смртта и на стари години дознава дека е хомосексуалец.
Оливер, кој е убав и здрав излегува далеку позбунет и понесреќен од неговиот стар и болен, но искрен и храбар татко.
Филмот е направен како ретроспективи, со многу фотографии, споредби, креативни пораки, бои и светлина, во кои главниот лик Оливер се обидува да го разбере животот на своите родители, додека запознава прекрасна жена.
Beginners не дава категоричен одговор, само покажува два сосема различни модели на живеење – оној на таткото и на синот.
Филмот не поттикнува да размислиме дека во моментот кога еден човек ќе ја обелодени неговата голема тајна, и ќе им се препушти на малите и секојдневни радости, тој успева да го вкуси животот со сите свои сетила, а крај еден таков човек сите ние сме почетници. Beginners открива токму една таква тајна, ги руши стереотипите и прикажува една интересна љубов – без непотребната патетика, без клишеа, а сепак длабока, зрела и неверојатно искрена.
Уживајте и не заборавајте да го внесете во вашата листа.
За да ги разгледате сите наши филмски препораки кликнете ТУКА.