Пред смртта на Џокер

Минаа речиси шест години од трагичната смрт на Хит Леџер (Heath Ledger). Светот изгуби еден неверојатен млад актер, а дека е тоа така секогаш ќе не потсетува неговата улога на Џокер, кој што според многумина е човекот кој што засекогаш го одбележува овој лик.

Приказната околу неговата смрт е дека Хит се чувствувал депресивно, особено по месеците на трансформирање во откачениот лик на Џокер во “Црниот витез” (The Dark Knight).

Во речиси сите написи за „проколнати филмови“, Хит Лиџер ги предводи листите.  Наводно,  Џек Николсон го советувал младиот актер да не ја толкува  таа улога бидејќи може да излезе од реалноста, но сепак  талентираниот  Хит Леџер бил подготвен   на сè за да успее. Новиот Џокер спиел само по два часа навечер, се борел со депресија и водел дневник во слободно време. Најстрашното  доаѓа кога дневникот се отвора и на последната страница е испишано „Bye Bye” со негова слика во шминката на херојот.

Во продолжение погледнете неколку не толку познати фотографии од сетот.

Heath-Ledger-The-Joker-11 Heath-Ledger-The-Joker-9 Heath-Ledger-The-Joker-8 Heath-Ledger-The-Joker-6 Heath-Ledger-The-Joker-5 Heath-Ledger-The-Joker-4 Heath-Ledger-The-Joker-3 Heath-Ledger-The-Joker-2

 

Why so serious?

 

- Реклама -