Во 2009 година, фотографот Џими Нелсон започна патување со цел да ги документира последните домородни култури во светот.
Тој поминал по две седмици со секое од овие племиња, се запознал со нивните традиции, учествувал во ритуалите и го прикажал нивниот начин на живот низ извонредни фотографии. Деталите на неговите фотографии ги покажуваат уникатната носија, накитот, начинот на кој тие ги уредуваат своите коси и најважните културни елементи на секое од племињата.
Проектот насловен: „Пред да исчезнат“, кулуминираше со фантастична книга издадена во три верзии, во која се најдоа голем број приказни извлечени од неговите средби, и повеќе од петстотини фотографии.
Во галеријата подолу ви прикажуваме 15 фантастични извадоци од проектот на Нелсон, кои ги прикажуваат културните различности на племињата од различните делови на светот, недопрени од глобализацијата и новите технологии.
На официјалната страна на проектот „Before They Pass Away“, можете да најдете повеќе интересни информации и фотографии за племињата.