Прашање за губење милиони: Кое е новото име на Македонија?

Во турското издание на „Кој сака да биде милионер“, на натпреварувачката ѝ се „паднало“ навистина тешко прашање: Кое е новото име на Македонија?

Таа не била сигурна, па побарала помош од пријател, кој пак со сигурност ѝ тврдел дека новото име на Македонија е Горна Македонија. Натпреварувачката го послушала пријателот, но секако, направила грешка.

Она што е интересно е што ова прашање било наменето за освојување ниска сума, а не за еден милион лири.

- Реклама -