Оксфордскиот универзитет претстави јавно дел од прашањата кои се поставуваат на интервјуа, за прием на 17-годишните кандидати.
Прашањата на училишната институција со 928-годишна историја немаат универзален и конкретен точен одговор. Тие се наречени „невозможни за одговарање” а надворешните набљудувачи имаат за цел буквално да ги натераат тинејџерите да мислат и да се доживеат реакциите на младите кон нови идеи, додека суптилно навлегуваат во нивниот ум, наведува Дејли Меил.
На пример кандидатите-историчари се прашани „Колку ситуации од минатото можат да набројат?”. На девојките и момчињата кои сакаат да студираат „Експериментална психологија”, им се поставува прашање „Зошто според вас експеримент покажува дека луѓето кои зборуваат велшки јазик, се справуваат полошо во учење на броеви, во споредба со луѓето кои зборуваат англиски јазик?” . На оние кои сакаат да учат „Историја на уметноста”, пак, им е прикажана реплика на платно со прашањето „ Која е оваа слика?”. Сликата е „Вечерен одсјај на Египет” (1861 година) на уметникот Вилијам Холм Хант.
Д-р Сами Кан – раководител на кандидатската-студентска кампања во „Оксфорд” објаснува дека прашањата всушност на прв поглед можеби изгледаат тешки, апсурдни или збунувачки за некои млади луѓе, но нивната цел е да провоцираат академски разговор со комисијата, сличен на оние од семинарите, во кои ќе учествуваат секоја недела, ако бидат прифатени. Идејата е да не се примаат ученици кои што не знаат да расудуваат врз основа на собраните до моментов знаења и претежно да ги проверат нивните реакции кон новите концепти.
Во случајот со прашањето кон кандидатите-историчари, тие можат да посочат историски докази за цивилизации и местата и периодите кои знаеме дека ја определиле светската историја. Разговорот може да продолжи со прашањето „Ако нема собрани податоци и мерења за дадено нешто во историјата, можат ли тие да се набават? Или барем да се оценат? Ако да, како? Во случај да има такви податоци, можеме ли да се потпреме на нив? Доволни ли се? На кој начин можат да бидат историските сведоштва погрешни, намерни или не? “.
Клучот за прашањето за експериментот со луѓето кои зборуваат велшки, е дека кај нив броевите се изговараат подолго отколку во англискиот. Излегува дека аритметичката меморија која е краткорочна, зависи од тоа колку лесно се изговараат концептите за броеви – тоа е едно од најпопуларните научни објаснувања зошто децата од азиските нации како Кина, Јапонија и Јужна Кореја напредуваат многу побрзо во аритметиката во споредба со англиското говорно подрачје – имињата на броевите се неколку пати пократки од оние во англискиот, особено двоцифрените.
Во случајот со сликата, одговорот кој го бараат е „Не, не знам која е.”. Ако кандидат – студентот ја познава од учебник, онлајн галерија или друго место, тие ќе му покажат нова или нова слика, додека не стигнат до онаа која што тој не познава.
„Сакаме кандидатите, од кои многумина никогаш не ја проучувале Историјата на уметноста, да ни покажат како би пристапиле кон дело кое никогаш не го виделе досега. Сакаме да дознаеме какви прашања би си поставиле за него: од што е изработено, што отсликува, што големина би можела да биде сликата, со каква цел е насликана? Како можеме да се обидеме да разбереме кога била насликана и од кого? “, објаснуваат од универзитетот.