Можеби е еден од најгламурозните настани во шоу-биз календарот, но дури ниту Канскиот филмски фестивал не можеше да го измами пролетното врнежливо време оваа година. На свеченото отворање на 66-тото издание на фестивалот на Азурниот брег, пред проекцијата на филмот „The Great Getsby“, холивудската елита заврши со влажни фустани и свечени костими бидејќи црвениот килим „пливаше“ во дождот. Меѓутоа, и покрај временските непогоди, ѕвездите беа одлично расположени да ги поздрават насобраните фанови кои буквално кампуваа покрај самите огради со цел да зафатат што подобро место. Погледнете кои од актерските великани најмногу заблескаа ноќта на црвениот килим.