Познатите ги обожаваат цветните детали

Икони на стилот: Славните дами знаат за овој тренд, па повторно воодушевуваат со својот моден избор.

Цветните фустани, по малку во стилот на седумдесеттите години се голем хит за оваа сезона, а можете да ги носите не неколку начини: со стартки, платформа или балетанки. Што и да изберете, нема да згрешите. Иконите на стилот, славните дами знаат за овој тренд, па повторно воодушевуваат со своите модни избори.

Актерката Сијена Милер, Селма Хајел и Џесика Частејн се одлучија за разлеаните кратки фустани од цветен принт. Додека Џесика со прекрасниот фустан носи модерни платформи, Сијена својот стајлинг го заокружи со елегантни сандали.

1

Лелеавите фустани се едноставни, но ефектни, па така тие беа совршен избор и за манекенката Карла Клос. Таа се одлучи за долг фустан на тенки прерамки, со длабок шлиц од страната. Покрај тоа облече и рамни сандали со ременчиња.

2

Ни Хајди Клум и Софија Вергара не останаа помалку забалежани. Хајди се одлучи со цветно здолниште, во комбинација со светкав црн топ, додека Вергара беше облечена во црвен фустан со подискретни цветови.

- Реклама -