Иако се ближи до 60-тата година, шпанскиот актер и понатаму изгледа повеќе од добро.
Мелани Грифит на својот Твитер профил објавила слика од нејзиниот сопруг Антонио Бандерас како ужива на сончевите Бахами.
Не можевме а да не приметиме дека 53-годишниот актер и понатаму е згоден. Се чини дека со нас се согласува и неговата сопруга која со својот згоден маж се пофалила и на социјалната мрежа.
Бандерас признал дека во Мелани се заљубил неколку пати во текот на 18-годишниот брак, а изгледа дека се уште знаат како да го оддржат љубовниот оган.
„Не можам ни да избројам колку пати сум се заљубил во неа, но беа многу. Постојат денови кога во неа се заљубувам толку пати само поради работите кои ги направила. На пример, секогаш добро се забавуваме кога се фотографираме“, открил Бандерас во едно интервју.
Иако многумина предвидуваа колапс на нивниот брак по само шест месеци, познатиот пар се уште се нераздели. „Врската со него ме научи што значи страст во животот“, рекла Грифит.