Актерот Мет Лебланк, најпознат по улогата како Џои во серијата „Пријатели“, е во врска со Андреа Андерсон веќе осум години, но сепак тоа не му претставувало проблем да ја изневери со три жени во една ноќ!
За време на забавата приредена за Ноќта на вештерките, тој мислел дека фактот што има маска ќе му помогне да биде непрепознатлив за папараците. Сепак, не му успеала оваа идеја.
– Мет флартувал со речиси секоја девојка на забавата. На почетокот бил неприметен, но околу два часот наутро, започнал опасно да флертува со келнерките. Две повикал да дојдат со него. Прво ја бакнал едната, а потоа и другата. После тоа, тие две се бакнувале пред него- рекол извор за Daily Mail.