Познатата актерка била специјален гостин на неодамнешниот концерт во Лос Анџелес.
Актерката Џенифер Лоренс навистина ги сака „ Coldplay“! Или можебу само Крис Мартин, за кој се зборува дека се во врска со младата актерка. Како и да е, Џенифер е видена на нивен настап во Ace Hotel Theatre во Лас Анџелес.
„Неколку моменти пред да започне шоуто, Џенифер прошетала со пријателите пред сцената и се обидувала да го пронајде своето место“, рекол извор за Us Weekly. На крајот Џенифер своето место го нашла на балконот.
Кога започнал концертот, Мартин ја барал Џенифер во публиката. „Крис добро ја „прочешлал“ публиката и потоа ја виде на балконот. Го вперил прстот натаму и рекол: „Аха! Те гледам!“ и потоа се насмеал и мавтал. Во текот на целиот настап гледал во таа насока со насмевка и пеел токму кон неа“, вели изворот.