Еден од најпознатите парови, оскаровката Гвинет Палтроу и пејачот Крис Мартин се разведуваат по 10 години брак, пишува Daily Mail.
Актерката веста ја објавила на својот блог. „Со болно срце објавувам дека одлучивме да се разведеме“, напишала таа.
„На проблемите во нашиот брак работевме повеќе од година дена. Некое од тоа време го поминавме заедно, некое време веќе бевме одвоени. Сакавме да видиме дали работите меѓу нас да се поправат. Но, дојдовме до заклучок дека сепак секој ќе тргне по својот пат иако и понатаму се сакаме“, објаснила актерката.
„Ние секогаш и ќе бидеме семејство, а поблиски сме од било кога. Првенствено, ние сме родители на две прекрасни деца и ве молиме да ги почитувате нивните права, но и нашата приватност во овие тешки времиња. Секогаш се обидувавме нашата приватност да ја чуваме за себе и се надеваме дека така и ќе остане и сега кога одлучивме да се разведеме“, напишала таа.
Гвинет и фронтменот на Coldplay имаат две деца, ќерката Епл (9) и сонот Мојсеј (7).