Познати ѕвезди што ја зачуваа невиноста до првата брачна ноќ

Верувале или не, меѓу ѕвездите има и такви кои не се срамат да останат доследни на традицијата. 

Овие познати девојки и момци решиле да им ја подарат невиноста на нивните избраници.  Еве ги искуствата на прочуените „девици“.

Џесика Симпсон

jessica-simpson-go-natural

Џесика Симпсон почека со сексот до 22-та година кога за прв пат стапи во брак. Времето покажа дека првиот сопруг сепак не бил мажот на нејзиниот живот. Таа денес е среќно мажена по втор пат и има две деца.

Лиса Кудроу

Lisa-Kudrow-admits-to-falling-for-Friends-reunion-rumors

Позната како Фиби од „Пријатели“, Лиса никогаш не криела дека планира да остане невина до бракот. Таа се реши на овој чекор, на својата 32 година од животот, што значи дека голем дел од својот живот го поминала како девица.

Адријана Лима

kaanil_1401197953105

Поранешната српска снаа е една од најубавите жени на светот, па за многумина е тешко да поверуваат дека немала односи до бракот. Сепак, оваа бразилска манекенка го чекаше својот принц на бел коњ со кого се омажи кога имаше 27 години. Иако Лима и Марко Јариќ не се повеќе заедно, тие уживаат да го поминуваат времето во друштво на децата.

Селин Дион

celine-dion-300

Дион е помлада од нејзиниот сопруг Рене Ангели дури 26 години. Пејачката во една прилика изјави дека се заљубила во него кога имала само 12, а му признала на 17 годишна возраст. Рене и Селин стапија во брак кога таа имаше само 20 години. Дотогаш беше невина.

Крис Мартин

chris-martin-the-voice-1

Сосема неочекувано, но вистинито. Фронтменот на групата „Coldplay“ призна дека никогаш не бил вешт со жените. Впрочем првата жена со која спиел е неговата сопруга Гвинет Палтроу со која стапи во брак кога имаше 22 години. Во последно време постојано е во друштво на згодни девојки, па можеби се труди да надокнади за пропуштеното?

 

- Реклама -