Ѕвездите кои се одлучуваат за мајчинство во четириесетата се се побројни. Некои од славните дами кои наполниле и повеќе од 40 години дури сега го чекаат своето прво бебе, додека некои решиле да станат мајки по втор или трет пат. Еве некои од нив:
Мараја Кери
Во 40-тата година пејачката Мараја Кери соопшти дека очекува бебе. Мараја изрази желба да биде мајка пред неколку месеци кога се омажи за Ник Кенон.
Линда Евангелиста
Во 41-та година, супермоделот го доби бебето Августин. Сепак, Линда се уште нема откриено кој е неговиот татко.
Сара Џесика Паркер
Во 39-та година Сара Џесика го роди синот Џејмс. Но, во нејзината 44-та, таа и нејзиниот маж Метју Бродерик најмија сурогат мајка која на свет им донесе две близначки.
Кортни Кокс
Кога Кортни остана бремена во 2004-та на 40 годишна возраст, нејзиниот лик во серијата „Пријатели“ тукушто посвои бебе. Во текот на целото снимање Кортни се прекриваше, но заоблениот лик сепак ја издаде нејзината состојба.
Мадона
Во 42-та година Мадона го роди Роко, нејзиното второ дете. Неколку години подоцна таа ги посвои и нејзините две деца од Африка, Мерси и Давид.
Марша Крос
Очајната домаќинка ги донесе на свет близнаците во 45-та година. Нејзината бременост се случи на сред снимањето на серијата „Очајни домаќинки“, а режисерот и не беше баш воодушевен од моменталните случувања. Така, тој одлучи Марша да не се појавува во неколку епизоди, по што се врати малку подоцна во серијата глумејќи мајка која ја прекрива бременоста на ќерка си.
Хали Бери
Во 42-та година, Хали Бери ја доби Нала, со манекенот Габриел Обри. Оваа година, во нејзината 46-годишна возраст, Хали го чека нејзиното второ дете со францускиот актер Оливер Мартинез.
Никол Кидман
После посвоените деца со Том Круз, Никол ја роди Сандеј Роуз во нејзината 41-година. За доброто на нејзината бременост таа се откажа од улогата во филмот „The Reader“ за кој веќе го започна снимањето, и го отстапи нејзиното место на Кејт Винслет.