Познатата презентерка неколку часа пред смртта објавила фотографија со покојната мајка

Пичис Гелдог е пронајдена мртва во својот дом на 25 годишна возраст, а зад себе остави две деца.

Познатата ТВ презентерка на својот профил на Инстаграм објавила фотографија со својата мајка која што починала пред 11 години. Се уште не е позната причината за смртта на Пичис.

„ Во оваа фаза сртта се карактеризира како необјаслива и изненадна“, пишува во извештајот на полицијата.

Нејзиниот татко Боб Гелдоф ја потврди смртта.

„ Надвор од себе сме. Таа беше најлудата, најзабавната и најпаметната од сите нас“, додава тој.

„Како ќе поднесеме никогаш повеќе да не ја видиме?“, вели познатиот музичар.

Mистеријата со кадата

Неодамна Пичис објавила многу чудна фотографија на нејзиниот Инстаграм, што отвори цела мистерија.

На сликата таа е со со синот Астал во кадата, но и со раката која се наоѓа на нејзиното рамо, за која таа тврдеше дека му припаѓа на дух.

„Чувствувам нечие присуство, но не е малициозно, туку мајчинско и пријателско. Куќата има прекрасна атмосфера“, продолжила таа.

Ќерката на славниот Боб Гелдоф тврдеше дека раката на фотографијата припаѓа на жената која пред 100 години, во истата куќа во Кент, извршила самоубиство.

„Околу 1920-тата година, куќата ја изградил некој богат човек, чија жена била бремена во тој период“, објаснила Пичиз. „Таа родила мртво бебе и веднаш извршила самоубиство. Наводно се удавила во кадата“, рекла Пичиз.

hand-cija-duh-01

 

- Реклама -