Сопственикот на „Плејбој“ магазинот „фрли око“ на уште една позната убавица која сака баш таа да му позира.
За популарниот „Плејбој“ позирале бројни холивудски ѕвезди, од Ким Кардашијан до Памела Андерсон, а 87-годишниот Хју Хефнер сега има нова позната актерка на својата листа на желби.
Всушност, на Хефнер му се допадната актерката Маргот Роби која го воодушевила со својата улога во филмот „Волкот од Вол Стрит“.
„Секогаш сакаме девојки кои моментално се најпопуларни, а тоа се менува од недела до недела“, рекол Хефнер на 60-годишнината на „Плејбој“ магазинот.
Но, особено му се допаднале голите сцени со Маргот Роби во истоимениот филм. „Многу е убава. Треба да се слика за „Плејбој“! Известете ја! Ние сме спремни за неа, би била одлична“, рекол Хефнер.