Познатата плажа Копакабана во Рио де Жанеиро, Бразил, е веројатно една од најпопуларните плажи во светот. Четири километри долгата плажа секоја година успева да привлече огромен број туристи од целиот свет. Областа е исполнета со хотели, ноќни клубови и ресторани. Луѓето кои се одлучуваат да ја посетат не доаѓаат само заради прекрасните и долги песочни плажи и тиркизната вода. Лудите забави и постојани прослави се неизоставен дел од Копакабана, а Бразилците и тоа како знаат да се забавуваат!