Позната актерка од Пакистан, Веeна Малик неправедно е осудена на 26 години затвор, поради „злонамерен чин“ богохулење, а повод за тоа е сцена на венчање во една дневна емисија која во исламската држава создала бројни полемики.
Освен актерката, на казна затвор се осудени и нејзиниот сопруг Асад Башир Кан, понатаму главниот извршен директор и уредникот на емисијата во која била емитувана спорната сцена.
Освен казните затвор судот одредил и парична казна од 8 илјади фунти и одземање на пасош.
„26 години! Ќе ве молам. Тоа е целиот живот. Верувам во предудата на вашите судови“, искоментира актерката пред судот во Гилгит.
„Во животот имав подеми и падови, но сигурна сум дека не сум направила ништо лошо“, вели таа.
Веена е главна тема во Пакистан, но и во светот. Таа ја привлече јавноста кога се фотографираше гола со тетоважа ISI.