Долги години холивудскиот актер негуваше имиџ со долга коса кој не им се допаѓаше на многу припаднички на понежниот пол.
Во последниве неколку години Бред Пит имаше долга коса, а сега на среќа на многу обожавателки повторно ја ишиша и се врати на неговиот секси изглед.
49-годишниот актер ја прошета новата фризура на снимањето на новиот филм „Fury“ во Лондон. Долгата коса и репчето ги замени со модерна фризура- потшишан кратко од страните, а подолго на средината. Неодолив е нели?