Повторно пукање во училиште во САД, двајца повредени

Двајца тешко повредени е билансот по вооружената пресметка во двор на основно училиште во сојузната држава Канзас.

Според медиумите и полициските изјави, пред пукањето се случувала расправија меѓу работници кои поставувале вештачка трева во училишниот двор.

За време на пукањето во училиштето немало ученици. Напаѓачот избегал од местото на настанот, а полицијата и понатаму трага по него.

Е.Д.

- Реклама -