Иницијативата „Спас за Валандово“, заедно со слични здруженија од југоисточниот регион денеска протестираат во Скопје и Валандово, пред Владата, односно пред автобуската станица во Валандово.
Последиците од изградбата на Казандол нема да ги чувствуваат само жителите на југоисточниот регион, туку ќе влијаат на квалитетот на животот на целата територија на Македонија.
Неодамна, при гостување во „Топ Тема-На ваша страна“, градоначалниците од југоистокот изјавија дека ќе застанат зад своите сограѓани и дека овој регион не е рударски, туку земјоделски.
Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, кој е и еден од предводниците на овие движења, изјави дека не ја исклучува можноста да се повлече од функцијата и да се започне граѓанска непослушност доколку централната власт остане глува за барањата на неговите сограѓани.
На протестот против Казандол, се бара и стопирање на рудниците Иловица и Боров Дол.