Повторно одложено судењето за случајот со Тамара Димовска од Велес

Судењето за смртта на малата Тамара од Велес е одложено за 17 септември, бидејќи двајца од 12-те обвинети уште ја немаат подготвено одбраната и ги немаат разгледано записниците.

За потсетување, Тамара Димовска почина чекајќи Фондот за здравство да ѝ одобри средства за операција во странство, нешто што долго време се одлоговлекуваше, бидејќи беше планирано отворање на спинален центар, објект кој ниту до денешен ден не е отворен.

Судијата Марин Станевски на обвинетите Маја Парнарџиева – Змејкова и Шабан Мемети на денешното рочиште им го достави обвинителниот предлог за тие да ја подготват одбраната.

Е.Д.

- Реклама -