Повторно немири и терористички напади во Сомалија

Најмалку 10 лица загинале откако бомбаш-самоубиец ја активирал бомбата во автомобилот што го возел, во близина на хотел во главниот град на Сомалија.

Исто така, подоцна се слушале и истрели од хотелот, којшто е лоциран во близина на претседателската палата во Могадишу. Во овој хотел чести гости се политичари од сомалиската политичка елита.

Во Сомалија во последните месеци зачестија бомбашките терористички напади и во истите имаат загинато повеќе од 350 лица.

И за овој терористички напад одговорноста ја презела екстремистичката џихадистичка група Ал Шабаб.

 

- Реклама -